Лефков: Пендаровски кажа дека договорот за Коридорите ќе го преговараат и граѓански здруженија, а на крај Груби одлучуваше за се


Стево Пендаровски излажа и за договорот со Бехтел и Енка, исто како што лажеше за се друго, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Пендаровски кажа дека договорот покрај министрите ќе го преговараат и граѓански организации, за на крај Артан Груби да биде тој кој далеку од очите на јавноста го испреговара и потпиша договорот, а потоа и сокри под клаузула за тајност, рече Лефков.

„Договорот е потпишан, реализација нема. Суштината е дека Пендаровски лажеше и за тоа сека договорот ќе биде ставен на увид на јавноста, што воопшто не се случи.

Пендаровски и се закани дека ако во Собранието се изгласаат законските измени за 60 часовна работна недела за работниците на коридорите тој нема да го потпише указот, за на крај не само што го потпиша, туку и дрско упати порака до сите да се жалат на Уставен суд.

Начинот на кој се потпиша договорот е проблематичен и за ЕУ, каде што Македонија сака да стане земја членка, но тоа не е проблем за Пендаровски се додека ги исполнува желбите на ДУИ и Артан Груби.

Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме“, посочи Лефков.
20.03.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега