Мицкоски револтиран: За пожарот во Тетово треба да се лежат десетици години затвор

За пожарот во Тетово треба да се лежат десетици години затвор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прашан дали очекува независна истрага за трагедијата во модуларната болница.

„Додека Министерот за здравство кој е најодговорен за овој случај е таму каде што е, додека неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат владата не очекувам независна истрага. Многу е јасно луѓе, објектот немал дозвола за употреба а е пуштен во употреба. Треба ли повеќе да зборуваме. Овде треба кривична одговорност. Овде треба десетици години затвор за тие кои што тоа го дозволиле да се случи. Каква истрага е потребна. За што зборуваме. Имаме објект кој што нема дозвола за употреба а е пуштен во употреба. Немаме инсталации за противпожарна заштита. Што треба истрагата да констатира. Еве јас сум инженер констатирам, универзитетски професор сум. Што треба да констатираме повеќе, не знам што треба да констатираме повеќе.“ - вели Мицкоски

16.09.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега