Миланов: Да беше Јанакиески близок соработник на Груевски, немало да биде прислушкуван

Адвокатот Еленко Миланов нагласува е чудно што Обвинителството во завршните зборови за предметот „Насилства во Центар“ го измени обвинителниот предлог во неколку битни елементи, објави „Република“.

Во новото обвинение го снема делот делот дека Јанакиески бил член на ИК на партијата ниту пак координатор на О.К на Центар.

-Стои дека бил близок соработник на Груевски и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ иако тој термин никаде не постои. Јанакиески не бил близок соработник на Груевски. Да бил немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС пораки, вели Миланов.

Тој се освррна и на исказот на Томислав Лазаров кој призна вина. Лазаров рекол дека можеби комуницирал и со Јанакиески за тоа што се случувало внатре во салата.

-Извезтување за она што се случува не може да биде насилсто, додаде Миланов.

Тој му предочи на судијата дека во овој момент не може да донесе пресуда туку треба да ја преотвори јавната расправа.

Дали оригиналната снимка е уништена треба да се утврди во предметот „Таргет-Тврдина“.-Доказот во суд се изведува во оригинал или во заверен препис, посочи Миланов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега