Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија

Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.
 
-Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу 25 000 граѓани од Република Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион – Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, Маврово-Ростуше, објави Чупи на Фејсбук
 
Додава дека со реализација на барањето, ќе се „ублажат тешкотиите на нашите граѓани”.
 

-Врз основа на договорот за финансиска поддршка помеѓу Република Северна Македонија и компанијата WizzAirHungaryLtd реализиран во 2019 година за осум авиолинии, испратив барање до Министерството за транспорт и врски  да се изнајдат можности за реализација на дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид, со цел да се ублажат тешкотиите на нашите граѓани, соопшти Чупи.

 
Најавата за ова наиде на позитивни коментари од нашите иселеници, според кои ова го бараат десет години, а првпат некој македонски функционер тоа јавно го објавува. Очекуваат и дека барањето ќе биде исполнето.а
14.06.2022 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега