Прва победа на Раониќ над Федерер за полуфинале во Париз

Милош Раониќ успеа во второто денешно четвртфинале на Мастерсот во Париз да направи изненадување и да го победи Рожер Федерер.

Со овој триумф Раониќ ги задржа шансите за пласман на завршниот Мастерс што се игра во Лондон и воедно ова беше негова прва победа над Федерер во седмиот меѓусебен меч.

Раониќ првиот сет го доби во тај брек 7:6 (7:5), а во вториот сет решавачкиот брејк го направи во 11.гем на сервис на Федерер и потоа без проблем го освои гем на свој сервис и го доби сетот со 7:5.

Негов ривал во полуфиналето утре ќе му биде Томаш Бердих, кој со 2:1 во сетови го победи Кевин Андерсон.

Во другите два четвртфинални меча вечерва играат Новак Ѓоковиќ - Енди Мареј и Давид Ферер - Кеи Нишикори. 

31.10.2014 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега