Каде исчезна „Тика Така“ - Барса го прими и од Селта

Екипата на Барселона претрпе пораз од Селта Виго во натпревар од 10.коло во шпанската Примера.

На дуелот одигран синоќа на „Камп Ноу„ Барселона беше непријатно изненадена од Селта Виго од која загуби со 1:0 пред своите навивачи. Победничкиот гол за тимот од Виго го постигна Жоакин Ларивеј во 55-минута,

Гостинска победа оствари и Малага која во Сан Себастијан го порази Сосиедад со 1:0.

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид немаа проблеми како Барселона, па по со победите над Гранада и Кордоба, мадридските клубови ја симнаа Барселона од првото место на табелата.
Реал славеше убедливо со 4:0 кај Гранада, а Атлетико ја победи Кордоба со 4:2 во Мадрид.

Денеска се играат четири натпревари, а колото ќе биде комплетирано во понеделник. Двојките се: Атлетик Билбао – Севиља, Виљареал – Валенсија, Леванте – Алмерија, Елче – Еспањол (недела) и Рајо Ваљекано – Еибар (понеделник).

Табела: Реал Мадрид 24 бодови, Атлетико Мадрид 23, Барселона 22, Севиља 22 (-1 натпревар помалку), Валенсија 20 (-1), Селта Виго 19 

02.11.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега