Хаос на дербито во Сараево - повредени 15 луѓе

Железничар и Сараево го одиграа 104-то „вечно дерби“, а гостите славеа на Грбавица со резултат од 2:1.

Но, фудбалската игра ја засенија нередите на трибините. Евидентно е дека сите држави во регионот имаат проблем со хулиганите.

Од почеткот натпреварот започна со прекини поради факелите. Поведоа гостите, а со приликата за изедначување на Железничарите дојде до прекин на мечот.

Факелите ги запалија гостинските навивачи, а на тоа возвратија и домаќините, по што дојде до пресметка меѓу полицијата и навивачите на Сараево, а имаше и повредени.

Судијата ги испрати играчите во соблекувалната, а по 25 минути колку што траеше прекинот натпреварот беше продолжен.

Повредени беа 15 луѓе кои побараа помош од тимот на Итната помош кој се наоѓаше на стадионот Грбавица.

„Испративме дополнителна екипа на стадионот за да ги довезат повредените во просториите на итната помош. Пациентите се здобиле со избореници од факели, повреди од солзавецот, повреди на главата и се сомневаме дека има скршеница на пета“, изјавил шефот на смената на Итната помош.

03.11.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега