ФОТО: Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје

Дамјан Стојановски од денеска и официјално се врати во МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од таборот на македонскиот кошаркарски шампион.

Стојановски го стави својот потпис на договорот според кој се обврзува до крајот на сезоната да игра за клубот од Аеродром.

Македонскиот репрезентативец веднаш почнува со тренинзи и се очекува да биде големо засилување за МЗТ Скопје пред претстојното вечно дерби в среда со Работнички.

Изминатава недела за МЗТ потпишаа и Црногорецот Сеад Шеховиќ, исто така повратник во македонскиот шампион, како и Американецот Дион Диксон

03.11.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега