Уапсен претседателот на францускиот прволигаш Бастија

Пјер Мари Жероними претседателот на францускиот фудбалски прволигаш Бастија, е уапсен под сомнение дека извршил финансиски криминал.

Медиумите во Франција пренесуваат дека истрагата е фокусирана во докажување на финансиските неправилности во работењето на овој клуб, пред се во периодот кога раководството на Бастија, предводено од Жероними, решиле да го реконструираат тимот со млади играчи.

Засега сумата за која е осомничен Жероними не е официјално објавена, но како што соопштиле од клубот, средствата кои се исплатени кон доверителите се сосема законите и оправдани.

Францускиот фудбал во последно време го потресуваат бројни скандали, поради што полицијата досега уапси повеќемина луѓе од Лига 1. Еден скандалите е трансферот на Алдре Пјер Жињак во 2010 година во Олимпик Марсеј, а имаше и апсења поради сомнение дека имало и повеќе наместени натпревари во Втората лига. 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега