ФОТО:Овој транспарент ја налути полицијата во скопски Аеродром


Транспарент со навредлива содржина ги налути полицајците на мечот на Вардар против Борац. Како што пишуваат одредени медиуми, по интервенција на полицијата, Комити ги повлекле транспарентите на полувремето по што во знак на револт престанале да навиваат.

Интересно е зошто токму овој датум, навивачите ширум светот и го „посветуваат“ на полицијата.

Токму „ултрас“ навивачките групи, каква што е и навивачката група Комити често влегуваат во конфликт со полициските службеници. Денешниот датум, 13.12. всушност и означува првите букви од кратенката ACAB (all cops are bastards) односно во латиничната азбука, овие букви се на првото, третото и второто место и затоа навивачите не пропуштаат на овој ден да истакнат ваква парола. 

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега