ФОТО: Нема да ви се верува колку чини дресот на македноската фудбалска репрезентација
Фудбалската федерација на Македонија официјално ја пушти во употреба електронската верзија на продавница за дресови и сувенири од фудбалската репрезентација на Македонија.
-Преку www.fanshop.ffm.mk можете да го порачате оригиналниот дрес на нашата репрезентација, а истиот ќе биде доставен до вашата домашна адреса, информираат од ФФМ.
Очигледно во ФФМ заборавиле дека се наоѓаме во Македонија, па цената на еден дрес е народски кажано боли-глава.
За потсетување, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари, па ако имате 2 деца и сакате да им купите по еден дрес, ќе ви треба третина од платата.
Колку за споредба, еден оригинален дрес, купен в фан шопот на гигантот од Премиер лигата Арсенал, чини околу 50 фунти, што во наши пари е некаде над 4.000 денари. Да не зборуваме за просечната плата во Англија.
Свој фан шоп има и Вардар. За ракометниот дрес на Вардар ќе треба да платите 600 денари, а откако ќе ги нарачате, ви го носат на домшаната адреса за неколку дена
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа