Гатузо изрази желба да се врати во Ренџерс

Тренерот на OФИ од Крит  Џенаро Гатузо денеска за англиските медиуми изјави дека би сакал да се врати во Ренџерс и да го пополни испразнетото место менаџер на шкотскиот тим.

Ренџерс се натпреварува во втората лига и од неодамна е без тренер откако го отпушти Али Мекојст, а како еден од кандидатите се споменува токму Гатузо.

- Мојата сопруга е од Глазгов, но главната причина зашто јас би го прифатил предизвикот да седнам на клупата на Ренџерс е тоа што овој клубот има голема. Сепак, приоритет не е моето семејство, туку работа и клубот кој е во моето срце. Играв во Ренџерс и сега сум заинтересиран да се вратам во Шкотска, истакна Гатузо.

Италијанецот кој за Ренџерс настапуваше сезоната 1997/98 во моментов е тренер на ОФИ, клуб со кого влезе во серија лоши резултати и понуди оставка, но навивачите на грчкиот клуб го наговорија да се премисли. 

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега