Давид Луиз не го смета Мурињо за "специјален"

Дефанзивецот на П.С.Ж. Давид Луиз, не се согласува со многумина, кои сметаат дека менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, е „специјален’’ тренер.
 
- Тој можеби е „специјален’ ’за вас, но не и за мене. Немам некое посебно мислење за него. Што се однесува до Челзи, имав навистина фантастични моменти со клубот, освоив трофеи, бев среќен таму. Но, среќен сум и сега во Париз и се надевам дека можеме да ги елиминираме. Тие се одличен тим, имаат цврста одбрана, фудбалери од врвна класа. Но, ако постигнеме погодок, можеме да ги елиминираме“, изјави Давид Луиз.
 
Дали оваа провокација од Луиз кон Мурињо ќе влијае на исходот на мечот Челзи - ПСЖ, ќе видиме во среда, кога на „Стенфорд Бриџ’’ во Лондон, овие две екипи ќе го одиграат реванш осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите.
 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега