МЗТ Скопје поразен и од „фенерџијата„ Левски

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз и од последно пласираниот тим во кошаркарската АБА лигата, софиски Левски.

На средбата од 24.коло одиграна попладнево во Софија, кошаркарите на МЗТ Скопје загубија со 91:90 по продолжение,  откако регуларниот дел заврши без победник 80:80.

МЗТ лошо го започна натпреварот и по првата четвртина веќе имаше 10 поени негатива (20:10), а на паузата меѓу двете полувремиња, аеродромци заминаа со негатива од 11 поени (43:32). И во второто полувреме, македонскиот шампион играше лошо, а како резултат на таквата игра беше и највисоката предност на бугарската екипа од 18 поени.  МЗТ до фантастична игра во последната четвртина која ја доби до 29:16 стигна и до водство кое не успеја да го сочува.  Американецот Хана до двете реализирани слободни фрлања му донесе израмнување на бугарскиот тим.  Иако и во дополнителни трошоци минути МЗТ беше во ситуација да оствари победа,  сепак одново Јане,  на 4 секунди до крајот постигна кош поставувајќи ги конечните 91:90 за Левски.

Стафан Синовец со 29 поени (18 во првото полувреме) беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, а новото засилување Александар Чапин постигна 19, додека Предраг Самарџиски постигна 17.

Ова е осми пораз во низа за МЗТ Скопје, кој последен пат сласта на победата ја почувствува пред точно два месеци, откако на 9 јануари пред својата публика ја победија екипата на Солнок на гостувањето во Унгарија. За бугарската екипа ова беше само втора победа во АБА лигата.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со средбата Мега Лекс – Партизан.

Потсетување на постигнатите резултати, постигнати на натпреварите одиграни изминатиов викенд: Цибона – Игокеа 78:81, Солнок - Унион Олимпија 106:99, Будуќност – Крка 82:77, Задар – Цедевита 70:74 и Црвена звезда – Металац 82:59.

Табела: Црвена звезда 46 бодови, Будуќност 42, Цедевита 40, Партизан 39 (-1 натпревар помалку), Унион Олимпија 37, Крка 36, Металац 36, Задар 35, Солнок 35, Мега Лекс 33 (-1), Игокеа 33, Цибона 33, МЗТ Скопје Аеродром 30 и Левски Софија 24.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега