ВИДЕО: Јувентус чекори кон нова титула

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Сасуоло со минимални 1:0 во последниот меч од 26.коло од италијанската Серие А.

Голот вреден три бода го постигна играчот за врска Пол Погба во 82-та минута со одличен шут од седумнаесетина метри.

Со оваа победа тимот од Торино дополнително ја зголеми предноста во однос на второпласираната Рома, па на 12 кола до крајот има 11 бодови позитива.

Јувентус се мачеше против Сасуоло, иако беше далеку подобар противник во текот на целиот натпревар. Имаа 63 проценти посед на топка и дури 16 удари кон голот, но на крајот само еден заврши во мрежата на противникот.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега