Рома подготвена да искешира 18 милиони фунти за Милнер

Фудбалскиот клуб Рома на фудбалерот на Манчестер Сити, Џејмс Милнер, одлучи да му понуди тригодишен договор вреден 18 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.

Како што се наведува спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, на Милнер му понудил седмична плата од 100 000 фунти.

Како и да е, доколку прифати Англичанецот ќе заработи и додатни два и пол милиони при можноста за преселба во Рим.

На Милнер договорот со „Граѓаните“ му истекува на крајот на сезоната и уште не е блиску до договорот со челниците околу продолжувањето на соработката.

Најплатен играч во редовите на римскиот тим е капитенот Франческо Тоти со годишна плата од 6,2 милиони фунти.

Милнер е член на Сити од 2010 година, одигра 187 натпревари и постигна 14 погодоци.

За фудбалската селекција на Англија досега настапи 53 пати и постигна еден гол.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега