Атланта и Голден Стејт стигнаа до 50.победа

Атланта и Голден Стејт се првите екипи кои сезонава стигнаа до 50-тата победа во НБА лигата.

„Јастребите“ го декласираа Сакраменто со 130:105, а најзаслужни за победата беа Корвер и Керол кои уфрлија по 20 поени. Одличен беше и Џеф Тиг кој натпреварот го заврши со 18 постигнати поени, 5 скокови и 13 асистенции, додека Ал Хорфорд запиша 18.

Македонскиот центар Перо Антиќ не доби шанса за настап на овој натпревар.

За Сакраменто Руди Геј уфрли 23 поени, Казинс имаше дабл-дабл од 12 поени и 14 скокови, додека Реј Мекалум запиша 15 коша.

Најзаслужен за 50-тата победа на Голден Стејт против Феникс од 98:80 беше Стеф Кари кој одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи 36 поени, 6 скокови и 5 асистенции, а 25 поени постигна во второто полувреме.

Одличен беше и Клеј Томпсон со 25 поени, а Дрејмонд Грин имаше 11 поени и 10 скокови. Кај поразениот тим се истакнаа Ерик Бледсо со 19 поени и Брендон Најт со 13.

НБА резултати:

ЛА Клиперс – Минесота 89:76

Феникс – Голден Стејт 80:98

Денвер – Њујорк 106:78

Мајами – Бостон 90:100

Атланта – Сакраменто 130:105

Милвоки – Њу Орлеанс 103:114

Чикаго – Мемфис 91:101

Шарлот – Вшингтон 69:95

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега