Филип Лам тренира со екипата во Минхен

Капитенот на минхенски Баерн, Филип Лам, тренираше со екипата по долгата пауза поради скршеницата на скочниот зглоб, пренесе агенцијата Ројтерс.

31-годишниот Лам кој во јули ја заврши репрезентативната кариера, бидејќи Германија во Бразил ја освои титулата светски првак беше подложен на операција во ноември, бидејќи на тренинг го скрши скочниот зглоб.

Неговото отсуство не ја намали доминацијата на Баерн во Бундеслигата во Германија.

Баварците водат со 11 поени предност во однос на второпласираниот Волфсбург.

Баерн во среда ќе го вгости Шахтјор од Доњецк во вториот меч од осминфналето од Лигата на шампионите, откако првиот натпревар беше нерешено без погодоци.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега