ВИДЕО: Хетафе со пресврт до победа

Фудбалерите на Хетафе со головите во последните минути синоќа направија пресврт и постигнаа победа од 2:1 на последниот дуел од 26.коло на Примера на гостувањето кај Кордоба.

Домашните поведоа во 77.минута преку Флориан Андоне, а со автоголот на Феде Вико резултатот беше изедначен на 1:1 во 87.минута. Голот за победа го постигна Хуан Родригез во 90+2 минута.

Кордоба остана на последното место со 18 бодови, додека Хетафе со 29 бодови се проби на 12.то место.

Резултати од 26.коло: Кордоба – Хетафе 1:2, Атлетико Мадрид – Валенсија 1:1, Виљареал – Селта 4:1, Реал Сосиедад – Еспањол 1:0, Барселона – Рајо Ваљекано 6:1, Гранада – Малага 1:0, Елче – Алмерија 1:0, Атлетик Билбао – Реал Мадрид 1:0, Депортиво – Севиља 3:4 и Леванте – Еибар 2:1.

Табела: Барселона 62 бода, Реал Мадрид 61, Атлетико Мадрид 55, Валенсија 54, Севиља 49, Виљареал 48,... 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега