ВИДЕО: Арсенал преку Јунајтед во полуфинале од ФА Купот

Екипата на Арсенал синоќа триумфираше во рамките на четвртфиналето на ФА купот на гостувањето кај Манчестер Јунајтед со 2:1.

Натпреварот го реши поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Дени Велбек, кој во 61.минута го искористи недоразбирањето меѓу Валенсија и голманот Де Геа и го постигна решавачкиот гол.

Инаку, Арсенал поведе во 25.минута преку Лучо Монреал, а изедначи Вејн Руни во 29.минута.

Веднаш по натпреварот беа извлечени и двојките за полуфиналето. Арсенал ќе игра со победникот од дуелот Ридинг – Бредфорд, а Астон Вила со подобриот од натпреварот Блекбурн – Ливерпул.

Полуфиналните дуели се играат на 18 и 19.април на Вембли во Лондон.

Повторениот натпревар Ридинг – Бредфорд се игра на 16 март, а Блекбурн и Ливерпул ќе играат на 7 април.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега