Вечерва започнуваат реваншите од 1/8 финалето во Лигата на шампиони

Во Мадрид и Порто вечерва ќе се одиграат првите два реванш осминафинални дуели од Лигата на шампионите.

Реал уште на првиот меч во Гелзенкирхен направи голем исчекор кон следната фаза, додека во Порто и Базел стартуваат со ремито од првата средба во Швајцарија.

Двојки за вечерашните реванш осминафинални натпревари:
Порто - Базел (1:1 прв натпревар) и
Реал Мадрид - Шалке (2:0).

Почетокот е од 20 часот и 45 минути.

Два натпревара на програмата се утре: Челзи - ПСЖ (1:1) и Баерн - Шахтјор (0:0).

Преостанатите четири патника за 1/4финалето ќе бидат познати следната седмица. Двојките се: 
Монако - Арсенал (3:1), 
Атлетико Мадрид - Баер Леверкузен (1:0), 
Барселона - Манчестер Сити (2:1) и 
Борусија Дортмунд - Јувентус (1:2).

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега