Шокантно: Тренер шутира дете на фудбалски меч (ВИДЕО)

Иако видеото е старо неколку години, сепак ги преплави социјалните мрежи во Русија, а тренерот е мета на жестоки критики.

Рускиот портал Sovsport.ru ја истражувал целата приказна и стигнал до главниот актер. Видео снимката е од 2007-ма година, но дури сега се прошири во јавноста и предизвика лавина од реакции во Русија.

Валентин Павлов е тренерот кој го удрил детето. Тој се уште работи со децата, односно младинските категории, а претходно работел во училиште.

Кога му се јавиле тој се зачудил зошто неговиот потег станал топ тема на социјалните мрежи. Се правда дека незгодно бил снимен.

-Нависина ми е чудно зошто ве интересира тоа. Не ја гледам приказната во сето ова. Всушност, се испадна случајно. Сакав да му покажам на играчот како цврсто да стои. Почнав да му покажувам, а во тој момент детето скокна. Се разбира дека не го сторив тоа намерно. Тој кој го снимил ова навистина „фатил“ добар агол, вели Валентин.

-Имате право, детето беше во шок после ова, но некако се поклопија работите. Му објаснував како да се постави кон дефанзивецот. Му се извинив по мечот. Речиси сите натпревари ги имам снимено и можете да ги погледнете. Ова не е мој начин на работа. Како што кажав, се испадна случајно. Родителите добро ме познаваат, ги тренирам нивните деца секој ден, објасни Валентин Павлов.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега