Манчини: Јаја Туре само во Интер

Стратегот на Интер Роберто Манчини верува дека Јаја Туре би можел од наредната сезона да игра во неговиот тим.

Иако Туре има договор со Сити до 2017-та година, Манчини верува дека фантастичниот играч за врска сака да се испроба и во Серие А.

-Јаја играше во сите најсилни лиги, освен во Италија и Германија. Доколку дојде во Италија, тогаш тоа ќе биде само Интер, вели Манчини.

Единствен проблем може да биде финансискиот фер-плеј, бидејќи Интер е под истрага на УЕФА.

-Мораме прво да видиме што ќе се случи со финансискиот фер-плеј, но јас сум сигурен дека ќе можеме да донесеме квалитетни играчи со кои би ја подобриле нашата игра, додаде италијанскиот стратег.

Манчини вели дека оваа сезона Јувентус речиси сигурно ќе ја освои титулата и додава дека наредната Интер ќе му биде најсериозниот конкурент.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега