Реал Мадрид и ПСЖ го сакаат Ивановиќ

Фудбалските клубови Реал мадрид и Пари Сен Жермен се заинтересирани за капитенот на репрезентацијата на Србија, Бранислав Ивановиќ, кој има договор со Челзи до 2016-та година.

Англиските медиуми во текот на викендот објавија дека Ивановиќ ќе добие нов договор вреден 90 000 фунти седмично, но познато е дека ниту една страна не брза.

Но, тоа не го спречува Пари Сен Жермен и Реал да го следат развојот на ситуацијата, бидејќи е познато дека главните преговори ќе се одвиваат по завршувањето на сезоната.

31-годишниот српски фудбалер е еден од најзаслужните за оддличната игра на Челзи оваа сезона , менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо истакна дека еден од неговите приоритети е Ивановиќ да остне на „Стамфорд Бриџ“.

Се очекува новиот договор да биде чиста формалност, а Ивановиќ најверојато сам ќе преговара со челниците на лондонскиот клуб.

Во досегашниот дел од сезоната Ивановиќ постигна шест голови, вклучувајќи е еден погодок во дуелот со Ливерпул во полуфиналето од Лига купот.

Српскиот фудбалер претходно беше носител и на триумфот на „сините“ во Лигата на Европа во 2013-та година, а иако е дефанзивец, беше јунак на големи победи на својот тим од доаѓањето од московска Локомотива во 2008 година.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега