Неславен рекорд на младиот Јанузај

Можеби кариерата на младиот фудбалер на Јунајтед не се развива како што се очекуваше, но на малку играчи им успеало она што тој го направил, поточно само на Герет Бејл.

Имено, според официјалната статистика Јанузај во својата кариера добил повеќе жолти картони за симулирање отколку што постигнал голови за Јунајтед.

Младиот Албанец, кој игра за Белгија, на синоќешниот меч од ФА Купот против Арсенал (1:2) заработи жолт картон за симулирање, вкупно петта опомена во кариерата за вакво нешто, а досега за „Црвените ѓаволи“ постигнал четири голови.

Тој не добива често шанса кај Луј Ван Гал, а синоќа се обиде да гo измами судијата и да изнуди пенал, но не успеа во намерата.

Единствениот играч кој добил повеќе жолти картони од него за симулирање е Герет Бејл, кој дури седум пати добил опомена.

Се разбира, доколку продолжи ваква, Јанузај може да го сруши рекордот на Бејл.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега