Топ 5 пролетни салати со марула

Марулата или зелена салата е вистински симбол на секоја пролет. Салатите почнуваат да бидат се печесто присутни на нашите домашни трпези за време на секој оброк.

Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротин. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.

Дали знаете како правилно треба да се мие зелената салата? Одговорот е на линкот: http://gotvi.mk/2016/04/29/eve-kako-treba-pravilno-da-se-mie-zelenata-salata/

Во продолжение прочитајте топ 5 пролетни салати со марула:

1. Цезар салата – покрај одличен рецепт за оваа култна салата, прочитајте и 2 рецепти за дресинг соса кои совршено одат со оваа салата: http://gotvi.mk/2016/02/26/cezar-salata/

2. Зелена салата со сирење и џем од јагоди - можеби ќе ви звучи необично на прв поглед, но овој рецепт е испробан и оваа салата навистина има неодолив вкус. Еве како да ја направите: http://gotvi.mk/2016/05/06/zelena-salata-so-sirenje-i-dzem-od-jagodi/

3. Салата Примавера - вистинска пролетна салата која ги содржи сите пролетни бои. Одлично предјадење за секој викенд ручек, а начинот на подготовка прочитајте го на линкот: http://gotvi.mk/2016/04/22/salata-primavera/

4. Енергетска салата - со добра замисла и идеја, салатите може да бидат цел оброк или, пак, многу вкусна ужина која ќе го оттргне гладот до следниот главен оброк. Прочитајте што ви е потребно за да ја направите оваа енергетска салата: http://gotvi.mk/2016/03/03/energetska-salata/

 

5. Туна салата – нискокалорична, а истовремено многу хранлива салата. Заменува цел оброк, а одлична е да ја направите доколку постите или се храните вегетаријански. Еве го рецептот: http://gotvi.mk/2016/01/23/tuna-salata/

 
 
06.05.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега