Ова морате да го пробате - сладолед од пиво на вашата трпеза

Потребно е:

·205g млечно чоколадо, не сецкано

·1 шолја (250мл) млеко

·½ шолја (100г) шеќер

·Малку сол

·4 жолчки

·1 шолја (250мл) блага павлака за готвење

·¾ шолја (180мл) темно пиво по избор

·1 кафена лажичка екстракт од ванила

 

Начин на подготовка:
Чоколадото ставете го во тавче. Во посебен сад загрејте на средна температура млеко, шеќер и малку сол.

 Изматете ги жолчките, па додадете ги во мешавината со млеко, лесно и константно мешајте. Тоа се ставете го во друг сад, па на средна температура мешајте додека смесата не се згусне. Низ цедалка ставете ја смесата во садот со чоколадото, за да добиете убава мешавина.

Загрејте го на шпоретот и мешајте додека чоколадото убаво не се стопи. Кога ќе видите дека смесата е соединета, додајте павлака за готвење, пивото и ванилата.

 Ставете го садот со смесата во сад наполнет со коцки мраз и мешајте се додека смесата за сладолед не се олади.

 По тоа оладете ја во фрижидер, па распоредете ја во сад и ставете ја во ладилник.

 

 

 

 
 
23.08.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега