Признанија „Македонски квалитет 2016“ за 10 домашни компании

Десет домашни инвеститори денеска ќе добијат признанија за постигнатите деловни успеси и промоција на македонскиот квалитет на национално и глобално ниво. 

Признанијата „Македонски квалитет 2016“ ги доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Признанијата ќе ги доделат претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска.

Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставени критериуми, внимателно ги селектирала македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2016.

 
 
02.12.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега