Во кои сектори има најмногу слободни места?

Слободни работни места во третото тримесечие од годинава во Македонија има за 6.200 работници. Најмногу вработени се бараат во преработувачката индустрија, 2.134 и во трговијата на големо 1.033.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на пополнети работни места во земјава изнесува 481.196.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности 1.729, каде стапката на слободни работни места изнесува 2,72 проценти, а најмала во секторот Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0,21 проценти.

Најголем број слободни места има во претпријатијата кои имаат меѓу 10 и 49 вработени, 1890. Во оние од 50 до 249 вработени има 1.592 слободни работни места, кај големи со над 250 вработени има 1.733 места и кај малите од 3 до 9 вработени има 985 слободни работни места.

Според региони, во Скопскиот има 2.799 слолбодни работни места, во Вардарскиот 614, Источниот 457, Југозападниот 340, Југоисточниот 747, Пелагонискиот 909, Полошкиот 120, Североисточниот 215 слободни работни места.

 

 
 
03.12.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега