Миноски: Стопанствениците задоволни од мерката 0% данок за реинвестирана добивка

Кирил Миноски денеска оствари посета на фабриките Конти Хидропласт и Ноел.

   На средбите беше дискутирано за климата во која стопанисуваат македонските фирми и мерките кои се применуваат за унапредување на условите за водење бизнис.

  Беше истакната мерката за ослободување на фирмите од данок за реинвестираната добивка, односно 0% данок на реинвестирана добивка, со која на стопанствениците им се ставаат на располагање десетици милиони евра секоја година за да инвестираат во нови капацитети и машини.

  Како што истакнаа стопанствениците, оваа мерка е од особено значење за отворање на нови работни места и проширување на бизнисот.

 

 
 
03.12.2016 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега