За дваесетина дена откупени над 6.000 тони тутун

Вкупно 6.040 тони тутун или преку 30 отсто од очекувањата за годинашната реколта се откупени заклучно со завчера, 3 декември, или за неполни три недели од почетокот на откупот, 15 ноември.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната цена е 190,15 денари по килограм, количините ги преземаат осум откупувачи (3. Декември) откупија, а исплатата е реализирана 46,44 отсто со префрлени 533 милиони денари.

– Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун, наведува МЗШВ.

Според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишале 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември.

– Право на откуп има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп на „жолтото злато“ е многу голем, стои во соопштението од Министерството за земјоделство.

 
 
05.12.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега