Зголемени цените во земјоделството

Цените во земјоделството во март годинава кај импутот пораснале за 3,6 отсто, додека кај аутпутот зголемувањето изнесува 4,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2016 година, во делот импут, цените на тековно потрошени средства во земјоделството пораснале за 3,9 отсто, а цените на средствата наменети за инвестиции се намалиле за 0,4 отсто.

Во делот аутпут, пак, цените на растителното производство пораснале за 6 отсто, додека цените на добиточното производство се намалиле за 1,4 отсто.

 

 

 

13.04.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега