Баба Зора има 80 години и заработува 1.000 евра - таа е супер бабичка

Зора Тешевиќ од Србија има 77 години, а во осмата деценија од животот бере малини и заработува верувале или не, 1.000 евра.

- Пет години работам кај истите луѓе, лани ми купија и торта за роденден, пресреќна сум, вели таа.

Вели дека минатата година и починал синот, на 57. годишна возраст. По четириесетдневниот помен отишла да работи, да заборави на маката, Набрала 118 килограми капини, па малини и боровници. Заработила 1.000 евра.

- Имам јас своја пензија од 200 евра, но додека сум на нозе сакам да работам и помагам, вели Зора.

Се што заработува таа дава на внуките.

 

 

 

 

15.06.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега