Првите хеликоптери на Ербас пристигнуваат во Србија на почетокот на 2019

Првите два од вкупно девет хеликоптери на „Ербас“ Х145М би требало да пристигнат во Србија од Германија на почетокот на 2019 година, а по еден ќе добијат војската и полицијата, пишува весникот „Блиц“.

Говорејќи за деталите на договорот, кој министерствата за одбрана и за внатрешни работи кон крајот на минатата година го потпиша со компшанијата „Ербас хеликоптерс“, потпретседателот на Ербас за Југоисточна Европа и Израел Цезар Санчез Лопез изјави дека првите хеликоптери ќе бидат подготвени за техничко прифаќање во Германија кон крајот на 2018 година.

– Од првите два хеликоптери, еден ќе биде за Министерството за одбрана, односно за Војската на Србија, а друг за Министерството за внатрешни работи со интервал од еден месец меѓу испораките, така што можеме да кажеме дека двете служби ќе добијат хеликоптери во речиси исто време, прецизираше тој.

Лопез нагласи дека техничарите ќе ја почнат програмата за обука во 2018 година, пред испораката на првиот хеликиптер, со цел тој модел што е можно поскоро да може да почне да се користи во Србија.

 

 

 

 

16.06.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега