Кобна романса - пензионерка „олеснета“ од вереникот за 450.000

62-годишната пензионерка Јелица Џукиќ од Ниш вербата во луѓето ја чинела 450.000 динари и љубов на која и се радувала. Имено, таа подигнала кредит и го дала на својот вереник, 56-годишниот Ј.Л. сопственик на агенција за брачно посредување, за да купи половен „Ауди“.

Кредитот го отплаќа веќе една година, а за бракот не размислува, туку за пријавата која ја поднела до нишката полиција и апелот до своите врсници да бидат претпазливи.

Јелица не крие дека имала потреба да најде сродна душа, бидејќи осамено ги поминува пензионерските денови. Вели дека никогаш не можела ни да претпостави во какво светло живееме.

-„Откако ме запроси, требаше да почнеме да живееме заедно. Ми се жалеше дека мајка му е болна, дека го издржува својот брат, дека агенцијата не работи добрео и дека би работел како таксист, но нема пари да купи автомобил. Ме убеди да подигнам кредит и да купам автомобил, бидејќи тоа е во наш заеднички интерес. Кога го направив тоа почна да ме избегнува. Потоа сфатив дека сум изманипулирана и што е најлошо, дознав дека не сум единствена. Го пријавив во полиција и малку се плашам од неговата реакција, но немам намера да се откажам.“ - изјавила Јелица.

 

 

 

16.06.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега