Шокантна исповед: "Рече ќе ти помогнам, многу јавни личности одат таму - ми даваше вода во која бањаат мртовци"

Српскиот Ало пренесе шокантна приказна на жена од Србија која кога се нашла во многу тежок животен период побарала помош од Арап кој се претставувал како лекар и направил нешто ужасно за кое таа не ни знаела.

- Поминував низ тежок период ми се случија многу нешта, а една пријателка ми го препорача. Ми рече, тој многу ми помогна, еве пробај и ти. Тоа се случуваше во 2014. година. Кај него видов многу жени, а и многу јавни личности, вели таа.

Тој и рекол имам решение за вас и ќе поработам на тоа:

- Ми рече, имам решение, ќе работам на тоа. Почна да паѓа во транс. Почувствував олеснување, како цемент да ми падна од рамената. Долго одев на сеанси, почна и да флертува, а мене како на секоја жена ми беше пријатно, вели жената.

Кога одела кај него во ординација и давал вода и и рекол дека мора да ја пие за среќа.

- Ја пиев мислејќи дека ќе ми помогне, но ми се појави чуден осип. Тогаш бев во странство, а лекарите ми кажаа нешто шокантно. Тој ми давал вода во која бањале мртовци! Ми поставија прашање си имала ли однос со мртовец? Бев шокирана. Ми нашле бактерии кои ги имало на мртво тело, вели жената во шокантната исповед за Ало.

 

 

 

 

16.06.2017 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега