Од денеска нови возни линии на ЈСП

Од денеска 1 септември има измени во возниот ред на ЈСП. Измени ќе има во термините на поаѓање на постојните возни редови на одредени линии, ќе се воведат нови возни редови на некои линии, ќе се изврши димензионирање на одредени линии, пренесе Скопјеинфо.

- Измените и дополнувањето на Одлуката се засновани на информации добиени од граѓани - корисници на јавниот превоз, барања од наши корисници за подобрување на квалитетот на превозот, предлози добиени од средби со граѓани од урбани заедници, врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и Смарт тикетинг, се вели во предлог-одлуката која на усвојување пред градските советници.

Нови возни редови се направени на следниве линии: 3Б, 22, 65В, 58.

Корекција на одредени термини се направени на следниве линии: 12, 11, 47а, 55, 55а, 58а, 61,63, 64а, 164, 165 и 165б.

Главна интервенција ќе има кај линијата 22 која сообраќа од Волково до Транспортен центар. На оваа линија ќе се изврши предимензионирање, односно ќе се воведат уште две нови возила. Поголеми измени ќе има и кај линија 65В која сообраќа од Транспортен центар до село Стајковци. Оваа линија е во план да се продолжи за уште 1,3 км или до крајот на селото Стајковци.

Продолжување на трасата ќе има и кај 58. Наместо од Транспортен центар до Сопиште, автобусите ќе возат до Долно Соње.

 

 

 

01.09.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега