Чадиев: Мостот во Башино село е изграден, СДСМ не дозволува да се монтира

Пешачкиот мост кој треба да ги спојува Црквата Свети Никола и гробиштата во ова населено место е готов. Тоа што го ветивме, го реализиравме, порача кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Славчо Чадиев.

-Целосната должина на мостот е 43,06 метри. Тој е со пристапни патеки од двете страни, а должината на објектот ќе има 60 метри. Мостот е широк 3 метри, а делот кој е наменет за пешаците изнесува 2,6 метри. Со изградбата на пешачкиот надпатник ќе исправиме една голема неправда која им е нанесена на локалните жители во периодот кога се градел автопатот Е-75 од Скопје за Велес во почетокот на 60-тите години од минатиот век, со кој значително им е отежната комуникацијата од црквата до гробиштата. Сегашното решение е со многу заобиколувања и движење по лош пат за да се стигне до гробните места, рече Чадиев.

 

Вкупната инвестиција изнесува 5,7 милиони денари.

-СДСМ и МВР прават се за да на се монтира овој мост. Согласноста за поставување никако да пристигне. Сакам пред жителите на Башино село јавно да кажам: Господа овој мост не е на Чадиев. Овој мост не е на ВМРО ДПМНЕ. Овој мост е за жителите на Башино село. Тие треба да го користат со години. Мостот ќе им ги намали маките кои ги имаат секогаш кога сакаат да одат на гробните места. Мостот се изгради по нивно барање, по барање на месната заедница.

 

 

 

02.10.2017 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега