Тркалезна маса за квалитетот во истражувањата во општествените науки

Тркалезна маса за квалитетот во истражувањата во општествените науки и спречувањето на „одливот на мозоци“ од Република Македонија - научени лекции и идни предизвици, ќе се одржи денеска во Скопје.

Настанот е во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, во партнерство со Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана и на него ќе присуствува Мајкл Окснер, виш истражувач на Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и резултатите од две истражувања спроведени во текот на 2017 година поврзани со квалитетот на истражувањата и одливот на мозоци во општествените науки во Македонија. 

Настанот, како што информираат организаторите, е наменет за истражувачи, универзитетски професори и истражувачи во областа на општествените науки и е замислен како форум преку кој сите заинтересирани страни би ги презентирале своите ставови. 

 

 

 

03.10.2017 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега