Се продава дел од возниот парк на општина Карпош

Четири патнички и едно товарно возило што беа дел од возниот парк на општина Карпош ќе бидат дадени на продажба. За ова денеска одлучија советниците на општина Карпош на седмата седница на Советот.

Како што информира општина Карпош, се работи за товарно возило „VOLVO“ и возилата „AUDI Q7“,„SANG YONG“, „FORD FIESTA“ и „ZASTAVA YUGO“.

- Средствата што ќе бидат собрани од продажбата на дел од возниот парк ќе бидат наменети за купување возило за товар на лисја и смет со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената, соопшти општина Карпош.

 

 

 

07.02.2018 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега