Шилегов на средба со градоначалникот на Атина- можност за соработка на двата града

 

Во позитивна атмосфера предмалку почна средбата на градоначалниците на Атина и Скопје, Јоргос Каминис и Петре Шилегов, на која двајцата ќе разговараат за можностите за соработка меѓу двата града. 

На почетокот на средбата Каминис и Шилегов проговорија за локалните избори во нашата земја, на кои скопскиот градоначалник нагласи дека беше избран уште во првиот круг, меѓу осум кандидати, и дека тоа за него претставува уште поголема обврска.

Атинскиот градоначалник рече дека тоа навистина е голема одговорност, но и дека има доволно време да ги направи ветените работи. 

 

 

 

09.02.2018 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега