Град Скопје објави колку ќе чини дрвото кое ќе биде засадено на местото каде досега се наоѓаше „Ќосето“

Дрвото Гинко што ќе биде посадено на местото каде што досега се наоѓаше споменикот на Ќосето, ќе биде дел од вкупната набавка за разеленување на главниот град, а само тој садник се очекува да чини околу 5.000 денари, информираат од Град Скопје. 

Оттаму додаваат дека со планираната акција за разеленување на Скопје предвидени се буџетски средства за набавка на 10.000 дрвја од разни видови, кои ќе бидат садници постари од 6 години и не пониски од 3,5 метри, а тие ќе бидат и мапирани.

Како дополнителна информација, беше наведено дека Гинко (науч. Ginkgo biloba) е листопадно дрво кое во својот животен век може да расте и до 40 метри со густо разгранета крошна во пирамидален облик што се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.).

 

 

 

 

 

22.02.2018 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега