Самохрана мајка од Скопје добила известување дека детето нема да и го примаат во градинка поради неплатени сметки

Самохрана мајка од Скопје живее се плаши дека нејзиното дете ќе биде избркано од градинка, бидејќи не успеала да плати две сметки, објави Сител.   Тригодишната ќерка на Мирјана Бабамова е згрижена во градинката „Мајски Цвет“ во Карпош, од каде сите родители добиле известување дека децата нема да ги примаат во градинка, доколку до понеделник не ги подмират трошоците за престој. Бабамова реагирала до сите надлежни институции но никој нема решение за проблемот.

Од „Мајски цвет“ одговориле дека министерството за труд и социјална политика нема донесено одлука со која се ослободуваат од плаќање самохраните родители  и согласно правилникот таа е должна да плати.

- Надоместокот на трошоците за престој на вашето дето во ЈУОДГ„МАЈСКИ ЦВЕТ’ Карпош - Скопје сте должни да го платите во рок од 8 (осум) дена по приемот на уплатницата и должни сте за извршената уплата да доставите доказ на увид на воспитувачот или негователката во групата. Доколку навремено не ги подмирувате обврските спрема давателот на услуги, имаме право да го отстраниме детето, да се откаже понатамошното користење на услуги, да се испрати опомена како и да се поведе судска постапка за наплата на долг, стои во известувањето.

Од ресорното министерство за Сител велат дека Управниот одбор на градинката може да донесе самостојно одлука доколку сакаат некого  да  ослободат од плаќање и покрај тоа што не постои законско решение.

Во иднина ќе има законска регулатива на централно ниво, но кога е предидено да стапат на сила измените се уште не нема информација.

За Бабамова останува неизвесно дали од понеделник 3 годишната ќерка ќе оди во градинка или ќе мора да бара друго решение.  

 

 

 

23.02.2018 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега