Видео: Според СДСМ ако се постави Ќосето во Сопиште ќе предизвика поделби меѓу граѓаните

Сашко Стојановски, претседател на ОО СДСМ-Сопиште денеска во изјава за медиумите рече дека тие не се против поставување на споменикот на Андон Јанев Ќосето во Сопиште, но сепак гласале против.

Според него, било неприфатливо да се финансира постамент и да се бара поставување на споменикот таму во моменти кога општината има блокирана сметка.

– Сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци, Албанци, Турци. Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија, рече Стојановски.

 

 

 

27.02.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега