Мицевски: Ќосето гордо ќе стои во Сопиште, нема да дозволиме да биде стопен (видео)

Јане Мицевски, Претседател на Советот на општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиуми рече дека Советот на општината донел одлука со која се бара од донаторот на спомен обележјето на Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општина Сопиште, за тој да биде поставен таму.

– Предлог локацијата е на самиот влез кај големиот Кружен тек на патот за Сончев град. Истата активност нема да биде на финансиски товар на општината, односно за спомен обележјето е веќе изработено, а за изработка на постаментот ќе бидат побарани донатори кои ќе имаат волја да помогнат. Споменикот на Андон Ќосето нема да дозволиме да биде стопен. Тој гордо ќе биде поставен во општина Сопиште, а граѓаните на општина Сопиште ќе имаат спомен обележје од овој значаен историски лик, рече Мицевски.

 

 

 

27.02.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега