Имаме продолжен викенд - Ова е следниот неработен ден

Имаме продолжен викенд. Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост па оттука ве информираме дека работната недела ќе трае пократко. 

Согласно Законот за празници дека петок е неработен ден информираше Министерството за труд и социјална политика.

Утре пак е неработен ден за Власите.

После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега