Ременски: Од "класифицираните" документи одземени од мене брзо ќе ги боли глава

Читам, портпаролот на ДПМНЕ многу нервозен на прес конференција влегол во филм за некакви уцени со класифицирани информации поведен од "веста" од вчера и не знам по кој пат го спомнува Јовче Ременски. Да му порачам и нему и на сите заинтересирани дека, од тие "класифицирани" документи одземени од мене - Фросина Ременски многу бргу ќе ги боли глава.

Ова го напиша на Фејсбук Фросина Ременски од СДСМ.

- И нека не се залажуваат дека, Ременски работат како нивните суфлери "безбедњаци", на пазарења, помилувања, креирање инсинуации, прикаски, и воопшто не се занимаваат со партиски фрустрации на спикери и полтрони. А прашањето од пресот дали на ОЈО и на МВР им е потребен дополнителен медиумски притисок, само покажува како знаеле и како знаат. Се надевам ќе има прес и медиумски притисок кога ќе дознаат за мистериозните документи, вели таа.

 

За потсетување, оваа недела Обвинителството при претресот на куќата на ременски пронашло документи. 

Потпретседателката на Собранието е осомничена во вториот дел од истрагата во случајот „Рекет“ со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски дека наводно нејзината позиција била користена за убедување на бизнисмените со кои се преговарало да вложат во проектите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега