Заев: На изборните листи СДСМ ќе има 50 отсто жени

Владејачката СДСМ на следните избори ќе има целосна родова еднаквост, на листите 50 отсто од кандидатите ќе бидат жени. Ова денеска го истакна премиерот Заев кој се обрати на настанот за одбележување на јубилејот од 20 години Форум на жени на СДСМ.

– Ние сме предводници и на концептот 50-50 на застапници на жените во политиката, не како бројка, туку како суштина, како квалитет. И кога, ако не денеска, да кажам дека ме имате на ваша страна. На следните изборни листи СДСМ ќе има 50-50, целосна еднаквост, рече Заев.

На крајот од неговиот говор, тој се поткачи пред видео-бимот на сцената и правеше селфи со неговите сопартијки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега