Граѓаните во Детектор: Буџетот се крои за да ги задоволи потребите на партиите и не се троши наменски

Буџетот е скроен за партиски а не за потребите на граѓаните, смета мнозинството анкетирани во последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 60,4% граѓаните мислат дека пресудно во креирањето на буџетот е интересот на политичките партии. Само 20,2% од анкетираните се на став дека владата кога го подготвува буџетот на прво место го става јавниот интерес и реалните потреби, додека 19,4% немаат одговор. 

64,7% од граѓаните сметаат дека јавниот буџет не се троши наменски додека само 9,6% од анкетираните се убедени дека владата го троши буџетот за она за што го предвидела.

Кога владата би го следела мислењето на мнозинството граѓани од анкетата на Детектор, тогаш, најмногу пари би требало да потроши во здравството и социјалната заштита.

31,2% од анкетираните сметаат дека повеќе средства од буџетот владата треба да насочи во здравствениот систем а 16,3% во социјална заштита. 

14,6% сметаат дека приоритет треба да добие образованието а меѓу 5 и 10 проценти се движи ставот дека првенствено треба да се вложува во плати на јавната администраија, капитални инвестиции и пензии. Само 1,4% од граѓаните сметаат дека приоритет треба да се даде на одбраната.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници во периодот од 25 до 29 октомври, оваа година. Резултатите подлежат на маргина на грешка од плус – минус 3%

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега