Украле чанта со 15.000 денари - Кражба во Скопје

Обвинителен предлог против двајца скопјани, кои како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба, поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.

-Обвинетите вчера на улицата„Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, со употреба на сила дејствувале на стаклото од совозачката страна и го скршиле. Тие од совозачкото седиште одзеле женска чанта во која имало пари и други предмети во вкупна вредност од 15.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

За еден од обвинетите се определените мерки на претпазливост, додека за другиот, надлежниот јавен обвинител процени дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, особено затоа што тој и претходно бил сторител на ваков вид кривични дела. Од тие причини јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставиl и предлог за продолжување на определената мерка притвор за ова лице. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега